Непознати лица вчера, околу 17 часот, го каменувале патничкиот воз број 660 кој се движел од Скопје кон Кичево, соопшти полицијата.
Случајот е пријавен два часа подоцна, околу 19. Повредени нема, искршено е едно прозорско стакло на возот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.