Каменуван воз кај Кондово, повреден машиновозачот

Од:

Непознати лица вчера попладне каменувале воз на излез од селото Кондово, меѓу железничките станици Ѓорче Петров и Радуша. Возот сообраќал на релација Скопје – Кичево, а од каменувањето е скршено челното стакло на локомотивата при што во пределот на десното око е поврден приправникот за машиновозач Ј.Д. (37) од село Пакошево.

Како што соопшти МВР, настанот се случил во 17:20 часот, а на повредениот му е укажана лекарска помош.

Откако е извршено фотографирање од екипа на СВР-Тетово, во 18:40 часот возот продолжил да сообраќа.

Сe преземаaт мерки за пронаоѓање на сторителите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов