Камчев: Сите во Македонија разговараа за апсењето на Бошкоски, интересен беше предметот

Од:

Бизнисменот Орце Камчев, во денешното сведочење за случајот „Тортура“ во врска со разговорот за апсењето на Љубе Бошкоски, меѓу него и новинарката Оливера Трајковска, рече дека комуникацијата се случила затоа што предметот бил интересен и сите во Македонија разговарале за апсењето на лидерот на Обединети за Македонија.

„Сите разговараа за тоа зашто многу беше интересен предметот. Не е срамота да се разговара за криминал, сигурно и вие сте разговарале за тоа“, му рече Камчев на обвинителот од Специјалното јавно обвинителство, Љубомир Лапе.

Запрашан од обвинителот што знае за апсењето на Бошкоски, Камчев кажа дека му било познато само дека одреден човек примил мито да преговара за името, дека МВР го уапсила и ништо повеќе.

Сведокот на крајот од сведочење кажа дека не верува дека разговорите кои се предадени на СЈО се вистинити и може да се сечени лепени и монтирани.

Во „Тортура“ заедно со Сашо Мијалков се обвинети и поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски-Пуки и уште петмина припадници на единицата.

Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Љубе за пресудата: Сите видоа како ми ставаат пиштол на образ, а за судот нема тортура

Анита Петровска Рајковиќ

Апелација ја потврди ослободителната пресуда на Мијалков за „Тортура“

Катерина Ѓуровски

Вишо обвинителство бара Мијалков да се ослободи за „Тортура“ – жалбата на колегите од ОЈО да се одбие