Камчев ја повлече тужбата против Љубе

Од:

Бизнисменот Орце Камчев во кривичниот суд денеска ја повлече тужбата за клевета против Љубе Бошкоски со која бараше 100.000 евра отштета. Камчев и Бошкоски си поддале рака на судското рочиште и се смириле.

Камчев го тужеше лидерот на Обединети за Македонија поради неговиот говор во предизборната кампања на собирот во Штип кога кажа дека Никола Груевски престојувал во Хрватска каде што разгледувал јахти а потоа бизнисменот Камчев купил јахта за 1,5 милиони евра. Јахтатат рече Бошкоски на митингот во Штип минатата година дека ќе плови под знамето на Панама и дека била купена преку транскација на панамска фирма.

Претходно против Бошкоски беа повлечени три тужби за кои требаше јавно да се извинува. Адвокатите за А1 кажаа дека Бошкоски дал само бланко потпис, а текстот со извинувањето бил напишан од адвокатите на тие што го тужеа.

Би можело да ве интересира

ОМ: Министерство за политички систем и етнички национализам

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Ова е вековен сон на целиот македонски народ

Катерина Ѓуровски

ОМ: Народот не ве плаќа за циркус, однесувајте се цивилизирано во Собранието

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Хрватска го отфрли обвинението против Љубе Бошкоски за „Раштански Лозја“: Заврши мојот политички прогон од две децении

Маја Илиевска-Пачемска

Обединети за Македонија: Една држава – едни униформи

Ана Ололовска

ОММ стана придружен член на Европските млади конзервативци

Ана Ололовска