„Калдрма-матине“ во Сули ан

Од:

Во организација на Македонско-бугарската стопанска комора (МБСК) денеска во Сули ан, во Старата скопска чаршија, ќе се одржи манифестацијата „Калдрма-матине“.

На „Калдрма-матине“ се очекува да биде потпишан меморандум за соработка меѓу неколку општини и регионални асоцијации од Бугарија, Косово и Македонија и да биде отворена дебатата „Традиционалното и модерното или како да се ребрендираат старите урбани јадра (чаршии)“ како продолжение на проектот од минатата година „Калдрмите се живот“, што е иницијатива за (ре)брендирање на старите урбани јадра.

Манифестацијата ќе ја отвори министерот за економија Беким Незири, а организаторите најавуваат и модна ревија на отворено, како и изложба на дела од познати македонски сликари од кои некои и на лице место ќе ги исцртуваат своите платна. Познатиот драмски гуру Бајруш Мјаку, пак, ќе изведе монолог од Сократовата одбрана.

Со ваквите активности, како што велат, сакаат да поттикнат отворање Сокак на уметноста, со атељеа, изложби на отворено и продажни салони, и Сокак на високата мода. со дуќани на брендирани модни новитети и ревии на култни места во Скопската чаршија.

Македонско-бугарската стопанска комора во соработка со  општина Чаир и Стопанската комора на северозападна Македонија, и минатата година организираше слична манифестација, насловена „Чаршијата и Пријателите“, која  беше поддржана од Град Скопје. Намерата за реализација на вакви економнско-културни настани, според (МБСК), е тие да станат традиција.

„Калдрма-матине“ е поддржана од Министерството за економија, општина Чаир и Стопанската комора на северозападна Македонија.

Би можело да ве интересира

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски

ВИДЕО: Рекорд без автомобили – Кога Скопје ќе ја добие ветената најголема пешачка зона во Европа?

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска