Непознати лица се обиделе да запалат кафеана во Чаршија, ама не успеале

Од:

Две лица рано утрово фрлиле запалива течност врз угостителски објект во старата скопска чаршија, предизвикувајќи пожар кој сепак не го зафатил објектот, а огнот се изгаснал, соопшти полицијата.

„На 16.07.2021 во 10.30 часот во СВР Скопје А.Р. пријавил дека на ул.„Казанџиска“ во 03.20 часот, во неговиот угостителски објект настанал пожар, откако две лица фрлиле запалива течност. Огнот за кратко време сам се изгаснал, а во инцидентот нема повредени лица, ниту поголема штета. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во полицискиот билтен.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Огнот го уништува грчкото одморалиште, наредена евакуација

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи

МВР: Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Во Кочани изгореа една куќа и 15 хектари зимзелена и нискостеблеста шума

Голем пожар во атарот на селото Ваксинце, во близина на складот за гориво Мак-Петрол

Горан Наумовски

Сериозен пожар кој зафаќа голема површина во Валандовско, се шири во два крака

А1он