Калајџиев: Погубно е да се решаваат системски работи на база на дневна политика

Од:

Погубно е да се решаваат системски работи на база на дневна политика и врз основа на конкретни интереси на политичките елити. Воопшто решението да се згасне СЈО не е дебатирано ниту во поширотката јавност, ниту во невладиниот сектор, ниту во академската фела и најздраво решение е да се врати Законот за ЈО на работна група и да се најде правно издржано решение, изјави денеска професорот Гордан Калајџиев.

Вака, според него, секој ден се даваат нови идеи од политичките партии за тоа што за нив е прифатливо, а што не значи дека е општествен интерес на државата.

– Принципиелно не прифаќам за важни прашања за институции и правен поредок да се договараат политички елити кои што се самите длабоко инволвирани во корупциа и имаат проблематични интереси. Тие решенија не може да бидат издржани, второ не е ниту нивна сфера на знаење и мислам дека тоа е проблем на политиката наспроти правото, изјави Калајџиев, прашан дали е можно да се постигне квалитетно решение.

Калајџиев, кој е дел од експертската група за законот за јавното обвинителство, посочи дека бидејќи ги следи преговорите и ги знае приказните во јавноста, цело време има спинувани информации.

– Политичките кујни цело време даваат спинувани информации кои што не одговараат сосема на суштината на преговорите и на проблематичните прашања. Веројатно би било подобро политичките партии или барем една од нив, своите предлози да ги дава црно на бело. Бидејќи мора да има и некоја флексибилност, тие базични решенија да ги објавува, бидејќи се спинуваат од другата партија, изјави Калајџев.

Прашан дали при ваква криза, треба да продолжи да се применува досегашниот Закон за СЈО, Калајџиев, рече дека тоа е неспорно и одговорност на актуелната власт зошто не се применува.

– Законот важи и треба да се избере нов специјален јавен обвинител. Едно време беше можно и да се реизбере Катица Јанева и да го продолжи мандатот на СЈО. Сега, заради наводни идеи да се заштитат некои предмети кои се во истрага се ризикува како ќе завршат сите други предмети. Многу пари се потрошија, во прашање е и довербата на јавноста, истакна Калајџиев.

Нагласи дека досега веќе требало да се избере нов СЈО и да не се чека дека некој закон може ќе се донесе, што ете се покажува дека не се носи и не се знае до кога ќе траат преговорите.

– Врз основа на една ваква ситуација, најдоа изнудено решение кое не е правно решение. Тоа е предавањето на предметите кое е измислено и нема основ во законот. Тоа, исто така, ќе ги комплицира постапките со оглед дека обвинетите ќе имаат уште еден правен основ да ја спорат легитимноста и законитоста на постапките и да ги загрозат тие што се веќе во судска постапка, изјави Калајџиев.

Смета дека никој нема право, а најмалку Катица Јанева или републичкиот обвинител што е дојден на предлог на Влада, да го укине СЈО, кое е донесено со широк консензус на двотретинско мнозинство на сите политички партии.

Според Калајџив, самата идеја на пржинскиот договор била, дека за да се има доверба во тоа тело да се постигне широк консензус за лицето со интегритет што ќе го води тоа обвинителство, дека не е партиски профилиран.

– Затоа е и спорно дека може една партија на власт сега да го укине така востановениот орган. Тоа според мене не е можно. Дали фактички, дали со закон, бидејќи фактички е со пренесувањето на надлежност. Никој нема, а најмалку Катица Јанева или републичкиот обвинител што е дојден на предлог на Влада, да го укине СЈО, кое е донесено со широк консензус на двотретинско мнозинство на сите политички партии, изјави Калајџиев.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Спогодба со Кичеец, непостапување за 27 април, пучот на Заев – кои се обвинителите кои сакаат да гонат криминал со Русковска

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска