Во Македонија денеска ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и ветровито. Ќе дува засилен северен и северозападен правец. Максималните дневни температури ќе достигнат од четири до 11 степени целзиусови. Во Скопје ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и ветровито. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец. Се очекува максималната дневна температура да достигне до осум степени.
Во сабота ќе биде умерено облачно и ветровито со врнежи од дожд и снег на повисоките места, односно на планините над 1.200 метри. Во текот на вечерните часови и во текот на ноќта се очекува врнежите од снег да ги зафатат и пониските предели. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 35 км/ч. Утринските температури ќе се движат од минус четири до четири степени над нулата, а максималните дневни ќе се движат од третиот до десеттиот степен.
Во недела, на Бадник, во утринските часови постепено ќе престануваат локалните врнежи од снег и во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, ветровито и студено. Ќе дува засилен северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветар, кој понекаде ќе достигне брзина до 35 км/ч. Утринските температури ќе се движат од минус седум до нула степени целзиусови, а максималните дневни од минус еден до шест степени целзиусови.
Во понеделник, на Божик, прогнозите предвидуваат променливо време, со повремени врнежи од дожд и снег, а попладне со сончеви периоди. Преку ноќта ќе преовладува облачно и суво време. Константно ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец со просечна брзина од три до четири метри. Минималните утрински теператури ќе се движат околу нулата, а максималната дневна тепература се очекува да се искачи до четвртиот степен на целзиусовата скала. Преку ноќта се очекува заладување, при што температурата ќе се спушти до вториот степен под нулата.
Среда и наредните денови ќе преовладува суво време со сончеви периоди, со ниски утрински температури, до минус пет степени, и со повисоки дневни теператури до седмиот степен над нулата.