Како да се искористат социјалистичките идеи против неофашизмот?

Од:

Можеме да црпиме многу од одредени заборавени идеи на социјализмот кои се фантастични, порача Катерина Колозова на јавната дебата организирана по повод претстојниот празник „11 Октомври“, потсетувајќи на пишувањата на Роза Луксембург која проблемите ги адресира кај етатизмот, култот на лидерот, патријархалистичка логика на „големи татковци“ кои цврсто ги држат конците како и во угнетувањето на поединецот.

Дебатата насловена како „Радикална десница, неонацизам, неофашизам и како против нив- БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА“ ги отвори прашањата околу современите општествени процеси во кои се повеќе доминираат радикалните десничарски идеологии, како и начините како се организира отпорот против нив.

Уранија Пировска, модератор на дебатата рече дека настанот е резултат на тенденциозното однесување на македонската влада со кое покажува дека нема намера да го чествува празникот „11 Октомври“ како што тој заслужува, со цел да ги минимизира придобивките од НОБ.

uranijaPirovska

Објаснувајќи за појавувањето на радикалната десница, неофашизмот и неонацизмот во Европа, во осумдесетите години, Пировска посочи дека никој не верувал дека тие ќе станат релевантен фактор на политичката сцена. Потенцирајќи на подемот на овие движења во деведесетите години во одредени европски држави, таа истакна дека сличностите меѓу овој тип на политички партии и движења е тоа дека во нивната основа е национализмот и јасно изразениот став, односно не толеранцијата кон мигрантите, како и нетолеранцијата односно пропагирањето на ксенофобија, исламофобија, хомофобија и евроскептицизмот.

„Неофашистичкиот дискурс не се раѓа сам по себе“, рече Артан Садику, објаснувајќи дека дека во неолибералните општества постои реалтивно висок степен на побарувачка за радикални, екстремни и десни политики.

Потсетувајќи на фактот дека политиките на штедење и напад на социјалната држава воведени во 2008 година се всушност многу радикални и влијаат лошо на општеството, Садику потенцираше дека во македонскиот политички спектар не постои ниту една левичарска партија, но дека е позитивен фактот дека има партизанско наследство.

katerina-robert-al

„Денешната политика во Македонија се гради врз уништување на партизанското наследство“, рече тој.

Роберт Алаѓозовски, говореше за симбиозата на фашизмот со тоталитаризмот и нивниото укинување на демократијата, посочувајќи дека денес во Европа и Азија постои реинкарнација на тоталитарни општества кои се најголема опасност.

„Треба да се препрочита Маркс, заборавајќи ги Ленин и сите останати“, порача Колозова, потенцирајќи дека Маркс би рекол дека проблемот денес не е во економијата, туку во шпекулативниот финансиски поредок.

„Економијата е нешто опипливо и материјално, а проблемот е со фетишизмот на капиталот. Фетишизмот е чиста шпекулација и затоа се вели дека денес живееме во финансиски капитализам“, заклучи Колозова.

Темјана Поповска
Фото: Ванчо Џамбаски

 

Би можело да ве интересира

Прва дебата меѓу Трамп и Бајден: Забранети ќе бидат напишани белешки, на масата ќе има само хартија, пенкало и вода

A1on

Негативни коментари по дебатата на МРТ: „Ова не е дебата, туку квиз“

Јакимовски е против уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот

„Дами проверете се“ – Јавна дебата на ФОН за подигање на свеста за ракот на дојка

А1он

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

A1on

Одговорноста за врсничкото насилство е во целото општество и проблемот треба да се решава системски