Каевски: Одговорност за насилните протести мора да има, која е улогата на Драган Ковачки во неуспешното крваво сценарио?

Од:

Изминатите неколку денови се случија насилни протести, тензии но и обид за крваво сценарио за предизвикување етнички конфликт, кое не успеа. Главен режисер и сценарист е Христијан Мицкоски, заедно со неговиот прорускиот партнер Левица и коалицискиот партнер Алијанса рече на прес конференција портпаролот и пратеник на СДСМ дарко Каевски.

– Глумејќи жртва, ова крваво сценарио требаше да предизвика етнички конфликт, да поттикне спирала на насилства, тензии и обид за државата да се дестабилизира. Сценариото на ВМОР-ДПМНЕ и проруската Левица, помогнато од Алијанса е дело на атниевропски сили кои не и мислат добро на земјава. Инциденти и обид за насилен упад имаше и пред зградата на Собранието, и пред зградата на Владата. Лица со качулки, насилници, повредија 47 полицајци, на сцени кои потсетуваа на 27 април вели Каевски.

Тој кажа дека безбедносни извори информирале дека во насилнички групи присутни се и групи платеници од странство.

– Затоа потребно е одговорност за насилството и за режираните крвави сценарија да понесат сите инволвирани. Која е поврзаноста на политичкиот дезертер од Армијата, Драган Ковачки со овие настани? Дали токму Ковачки ја коорднирал група на поранешни припадници на Армијата во ова крваво сценарио? Откако нивните мрачни сценарија не успеаја, Мицкоски да си ги прибере пиштолџиите и да се откаже од насилството. Вистината излезе на виделина, но се уште постои опасност од нови инциденти и провокации рече пратеникот на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ