Каевски: Македонската борба е за интеграција и подобар животен стандард, а не за изолација

Од:

Македонската борба, на револуционерите, илинденците, партизаните, учесниците во НОБ, беше борба за подобра иднина на македонската држава, на идните генерации. Никогаш македонската борба не била за изолација, уназадување и стагнација, вели пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски.

– Македонската борба на денешните генерации е политичката борба за подобра, европска иднина на нашата татковина и сите наши граѓани. Лажниот, квази патриотизам на ДПМНЕ и Левица е моментално единствена закана за подобра, европска држава. Лажниот патриотизам носи изолација на земјата, неизвесност, економска стагнација, празни џебови и празни фрижидери за граѓаните. Лажниот патриотизам и блокадата на европскиот пат води до нов егзодус и иселување на младите, до загрозување на македонскиот идентитет. Затоа, антиевропската агенда е антимакедонска. Тоа е прескапа цена која граѓаните може да ја платат. Тоа не смееме да го дозволиме и нема да го дозволиме. Македонската борба е за интеграција и подобар животен стандард а не за изолација, рече Каевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!