Утре на седница, Советот на општина Центар ќе расправа за изградба на општинскатата зграда.
Пред еден месец, Министерството за транспорт и врски ја продаде градежната парцела, на која во моментов се сместени бараките на Општина Центар. За атрактивниот простор во центарот на Скопје, со површина од 7.528 метри квадратни метри инвеститорот ќе плати само 370 илјади евра. На ова место се предвидува да се изгради зграда со 15 ката чија висина ќе биде околу 55 метри.
Изградбата на општинската зграда ќе ја реализира Pera Construction international ДОО Скопје.
Рокот на изградба е две години.
Она што буди сомнеж е фактот што објектот треба да се предаде во завршна фаза, без ентериерно уредување (значи карабина,плус фасада, плус прозорци).
Од ова е јасно дека паѓаат во вода ветувањата дека општина Центар ќе добие бесплатно нова општинска зграда, туку ќе треба да вложи и сопствени средства за да ја доврши.
Како појаснување, вредноста на карабината во однос на вредноста на ентериерот е една третина од вредноста на објектот.
Утре на дневен ред е и буџетот на општина Центар за 2013.И за следната година, се предвидени нови 14 милиони евра за споменици во општината.
Она што стравуваат опозициските советници од Центар се нивните сознанија, дека при преселбата на локалната администрацијата во новите простории има опасност да исчезне дел од документацијата. За а1 велат, дека посебно стравуваат, дека поради криминалот на кој укажуваат,ќе ги снема доказите за „Скопје 2014“.