Кацарска со двајца адвокати дојде во Судски за претставката од сопругот на Јанкулоска

Од:

Судијката Добрила Кацарска со двајца адвокати дојде во Судскиот совет за претставката за разрешување. „А1он“ дознава дека Кацарска побарала седницата на која ќе ја испрашува тричлена комисија од Судскиот совет да биде јавна.

Претставката за разрешување на судијката од Кривичниот суд во Скопје, Добрила Кацарска ја поднесе сопругот на ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, Влатко Илиевски.

Повредите, според претставката, биле предизвикани преку закажување судења кога ексминистерката се наоѓала во ризична бременост со отворено породилно отсуство, како и преку одржување судски рочишта во услови кога Јанкулоска била во постпородилна состојба со двомесечно бебе.

Уставниот суд лани ѝ го отфрли барањето на Јанкулоска за заштита на слободите и правата од Уставот, кои се однесуваат на слична околност, забрана за дискриминација по пол и политичка припадност во остварувањето на правото на мајчинство и правото на породилно отсуство.

Јанкулоска беше осудена на 6 години затвор за набавката на луксузниот „мерцедес“, а скопска Апелација ѝ ја намали казната на 4 години.

Би можело да ве интересира

Уставен за иницијативата за пензионирање на Кацарска: Не престанува функцијата на уставен судија по основ на старосна

Катерина Ѓуровски

Собранието потврди дека стасало известување за пензионирање на уставната судијка Добрила Кацарска

Кацарска: Постојано добивам закани, бев и физички нападната, но не пријавував

Катерина Ѓуровски

Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција

Горан Наумовски

Пронајдени импровизиран кревет и нож – Закани кон претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска

Катерина Ѓуровски

Kацарска: Волјата на владеењето на правото е посилна од сите системско политички аномалии