Уставен за иницијативата за пензионирање на Кацарска: Не престанува функцијата на уставен судија по основ на старосна

Од:

Уставен суд реагира на информацијата доставена до пратениците на Собранието дека судијата на Уставниот суд, Добрила Кацарска исполнила услови за старосна пензија во јуни 2022 година. Во заклучокот од седницата на Уставен се вели дека не постои случај на престонок на мандат на уставен судија поради старосна пензија.

– Согласно член 51 од Уставот, секој е должен да го почитува Уставот и законите. Членот 109, изменет со Амандманот 15, јасно и прецизно ја уредува постапката и надлежните органи за предлагање и избор на судиите на Уставниот суд. Согласно член 111 од Уставот јасно се определени основите за престанок на функцијата уставен судија. Оттука станува јасно дека единствен надлежен орган да одлучува за престанок на функција на судија на Уставен суд е самиот Уставен суд. Секое преземање на било какво дејствие на било кој државен орган, надвор од уставно утврдените основи во членот 111 претставува грубо кршење на Уставот и упад во независноста и самостојноста на Уставниот суд. Судот потенцира дека во 60 годишната историја на постоење на Уставниот суд, не постои случај да престане функцијата уставен судија по основ на остварување на старосна пензија, се вели во соопштението од Уставен.

Би можело да ве интересира

Уставен суд ја отфрли иницијативата за пензионерите во странство кои не добија зголемување

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ќе одлучува за празниците во Кичево за 2025

Став од Уставниот суд во врска со најавениот протест на работниците од културата

Катерина Ѓуровски

Уставен суд поведе постапка за Колективниот договор за култура и за член од Законот за култура

Катерина Ѓуровски

Судскиот совет ја предлага Мери Дика Георгиевска за судија на Уставниот суд

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат