А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Кацарска им се закани на Мукоски, Арнаудов и Василевски со нов притвор

by А1он29/10/2018 - 15:2329/10/2018 - 18:27577
Share0

Судијката Добрила Кацарска која го води судскиот процес за насилниот упад во Собранието кој се случи на 27 април минатата година се закани дека обвинетите пратеници Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски повторно ќе добијат притвор бидејќи го напуштија рочиштето без претходно да ја информираат.

Следете a1on на Instagram Instagram

Адвокатот на Василевски на почетокот од вториот дел на денешното рочиште информираше дека тројцата пратеници се на координација во Собранието по што побара едночасовна пауза. На ова судијката Кацарска рече дека воопшто не и е важно дали се пратеници или обични граѓани и дека следен пат ќе им одреди мерка притвор.

-А знаете мене колку ми е битно дали се пратеници или обични граѓани? Може само да добијат построга казна. Што не кажавте прееска дека ќе им требало уште еден час пауза. Следен пат ако се повтори ова, ќе им одредам мерка притвор“, рече судијката Добрила Кацарска по што го прекина денешното рочиште.

Василевски, Арнаудов и Мукоски се дел од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ која треба да се сретне со премиерот Зоран Заев и министерите Рената Дескоска и Никола Димитров каде ќе разговараат за имплементирање на нивните сугестии за уставните амандмани.

Следете a1on на Youtube YouTube

Виктор Јованов

27 aprilarnaudovkacarskamukoskisudvasilevski

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Горан Наумовски27/04/2026 - 13:11

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

Горан Наумовски27/04/2026 - 12:29

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Горан Наумовски27/04/2026 - 11:06

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Катерина Ѓуровски26/04/2026 - 18:16

Судот одлучи: Насилен татко од Кисела Вода е избркан од семејниот дом откако со нож му се закануваше на синот

Горан Наумовски11/03/2026 - 09:2611/03/2026 - 10:05

Мицкоски: Уставен суд и Кацарска го укинаа линеарното зголемување на пензиите, над 70 проценти од пензионерите ќе земат помала пензија

Катерина Ѓуровски27/11/2025 - 13:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто