Кабинет на Иванов: Тврдењата на Јанева се неосновани и тенденциозни

Од:

Кабинетот на претседателот на Република Македонија во денешната писмена реакција оценува дека тврдењата на Катица Јанева се неосновани и тенденциозни и ја советува специјалната јавна обвинителка да покаже барем минимално ниво на култура и почит кон институцијата Претседател, и одговорност кон функцијата што ѝ е дадена.

Во однос на изнесените ставови од специјалната јавна обвинителка, Кабинетот на македонскиот претседател и посочува на Јанева  пред да соопштува во јавноста какви било заклучоци во однос на легитимитетот на Претседателот добро да се информира која година се одржаа претседателските избори.

– Ја потсетуваме Јанева дека својот втор мандат претседателот Иванов го почна во 2014 година, а не во 2013, 2012 или 2011 како што таа изјави, односно неговиот избор за Претседател на Република Македонија нема никаква врска со периодот од кога датираат наводните разговори врз основа на кои Специјалното јавно обвинителство ги покренува обвиненијата, се наведува во реакцијата од Кабинетот на Иванов.

Со денешната изјава Јанева, како што посочуваат од Кабинетот на Иванов, го оспори и сопствениот легитимитет бидејќи е избрана токму од, според неа, нелегитимното Собрание на Република Македонија, а сопствениот легитимитет го црпи од Законот за Специјалното обвинителство што е прогласен со указ потпишан од исто така, според нејзините тврдења, нелегитимниот Претседател.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски