Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Од:

Поранешниот претседател на земјава Ѓорге Иванов во објава на Фејсбук оцени дека со интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарски Бгнес се докажува дека се извршува предавство, а на Заев му порача дека во секоја земја-членка на ЕУ и НАТО, за такви изјави премиерот би поднел оставка.

dobivaj vesti na viber

Еве го обраќањето на Иванов во целост:

„Почитувани Македонци,

Како претседател на Република Македонија во двата мандата во многу мои обраќања кон македонската јавност јасно и директно кажав а сега повторувам: “Кога сте подготвени едно прашање да го решите по секоја цена, тогаш цената е највисока. Цената на ваквото решавање на македонското прашање е правно и историско поништување на Македонскиот народ, бидејќи без македонски народ, македонски идентитет и македонски јазик, нема ниту македонско прашање. Со други зборови, прашањето за идентитетот ќе се реши со негово поништување. Со тоа, Република Македонија и македонскиот народ се втурнати во правна, политичка, историска бездна. Пандорината кутија е отворена. Сега, речиси секој си зема за право да го негира она што е наше стекнато право. И тоа, на повеќе нивоа и во повеќе наврати.

Постојат прашања за кои не се преговара, стекнати права за кои не се разговара, црвени линии преку кои не се преминува.”

Невиден преседан е заради политички контекст политичарите да даваат историско толкување на фактите. Антифашистичкиот карактер на Македонската борба во Втората светска војна и придонесот за ослободувањето од нацизмот и фашизмот во Европа никогаш не биле спорни. Никој нема право, слобода и повиканост да менува нешто, да испревртува факти, да ја преиначува вистината. Не е само неприкладно, туку е срамно и жално, и за Македонија и за Македонците.

Вчера Македонскиот Народ го виде правото лице на Заев. Овој самопрогласен “искусен политичар” вчера докажа дека сме сведоци на национално предавство. Длабоко сум убеден дека македонската нација (и оние што гласаа за него) ја согледаa предавничката улога на Заев и неговата клика.

Во оваа прилика на “искусниот политичар” му препорачувам соодветна лектира.

Најпрвин манифестот на АСНОМ кој јасно вели: “Под великобугарската окупација настанаја најтешките години на македонскиот народ.”

“За Македонцките Работи” на Крсте Петков Мисирков кој зборувајќи за слободата посочи на мрачните сили што не и дозволуваат на нашата татковина сама со свои очи да ги гледа своите интереси, ами и наврзуваат очила што ја замрачуваат вистината.

Воедно би му ја препорачал и 1984 на Орвел кој напишал дека „кој го контролира минатото ја контролира иднината, а кој ја контролира сегашноста, го контролира минатото.”

Го прашувам јавно “искусниот политичар”, од каде таа аверзија кон историјата? Тврдите дека македонскиот народ живее во минатото и дека сакате да го однесете во иднината. Но, народот не живее во минатото, туку со минатото, и тоа не за да мрази, туку за да се сеќава. А сега сакате и колективните сеќавања да ги цензурирате и да ги избришете.

Во секоја демократска земја, во секоја земја членка на Нато и членка на Европска Унија, за вакви изјави на премиер, паѓа владата.

Во твоите очи “искусен политичару” наместо доблест и чест, љубовта кон татковината станува грев. Денес не се потребни вакви „саможртви“ како твојата. Денес е потребно да се погледнеш во очи и да прифатиш дека Македонија е се што имаме и дека никој не може да ја сака Македонија повеќе од нас самите.

Македонскиот народ поучен од историјата веќе се обединува и почнува да го пишува новиот Mакедонски Mанифест.

И после сето ова што им го направи на Македонија и Македонците, Mакедонскиот народ не се плаши. Македонскиот Народ го чува, гo негува и промовира вековниот идеал на непокорот.

Да живее Република Македонија!,“ напиша поранешниот претседател Иванов на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Законот за здруженија ќе биде проверен од ЕУ во текот на скринингот

Орце Костов

(ВИДЕО) Османи: Ако се тргнат провокациите од Софија, македонските граѓани би почувствувале топлина од Бугарија

Орце Костов

(ВИДЕО) Османи: Ќе предложам до Владата Законот за здруженија да го испрати до Венецијанската комисија

Орце Костов

Засилено полициско присуство во Благоевград, бугарското ВМРО протестира пред клубот „Никола Вапцаров“

Орце Костов

Во Благоевград отворање на македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ковачевски нема да оди во Благоевград на отворањето на македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“

Орце Костов