Јурица Павичиќ за новото Скопје: Тоа е друг град, некоја мешавина од Лас Вегас и Пјонгјанг

Од:

Хрватскиот писател Јурица Павичиќ за Јутарњи лист го анализира феноменот на мегаломански споменици кој е присутен во проектот Скопје 2014.

Ова е град на триумф на лузери, почнува Павичиќ.

Ниту една слика, ниту видео не може да ви ја долови глетката кога прв пат ќе го видите тоа ново историско Скопје. Тој топол ден стоев во центарот на градот кој јас го познавав поинаку. Јас познавав друг град кој беше изграден по земјотресот ’63. Тоа порано беше убав град, топол, со убави згради, елегантна геометрија, концертни сали и трговски центри.

Тоа попладне пред мене беше друг град, некоја мешавина од Лас Вегас и Пјонгјанг, со примеси на Аликарнас и Ашкобад. Тој град е полуд од најлудите идеи на туркенискиот диктатор Сапамурат Нијазов.

Значи ништо, ама баш ништо не може доволно да ве подготви за тоа ново Скопје, кое според проектот на лидерот на ВМРО Никола Груевски, Скопје 2014, во екот на рецесијата многу бргу се изгради.

Во западните општества градењето споменици коинцидираше со градењето на нацијата, некаде помеѓу 18. и 20. век, со цел да овозможи градење на претстава кај граѓаните за хероите и митовите од минатото преку кои би се надминале поделбите. Спомениците имале за цел да придонесат кон чувството на братство, поврзување помеѓу идентитетите и општеството во целина.

На Балканот спомениците имаат поинаква функција, а тоа е компензирање за вистинските или имагинарните историски празнини.

Целата идеја што националистите се фокусирани на историјата е комплетно погрешна, бидејќи тие не се задоволуваат со илустрацијата на сопствената историја, туку секогаш бараат нешто повеќе преку замислување на алтернативна историја.

Целата анализа

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски