Јуни потпросечно топол и врнежлив

Од:

Потпросечно топло и потпросечно врнежливо било во јуни годинава во споредба со минатите години. Средномесечните температури во јуни биле пониски за 0,5 степени на ниво на држава во споредба со периодот од 1981 до 2010 година.

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, средната месечна температура во јуни варирала од 14,2 степени во Маврово до 23,7 степени во Гевгелија.

Највисоката максимална температура била 37,7 степени и е измерена во Гевгелија на 29 јуни, а најниската утринска температура била два степена и е измерена на 3 јуни во Маврово.

Во текот на јуни се регистрирани и натпросечен број на денови со нестабилна облачност. Месечната сума на врнежи варирала од 9,7 милиметри во Прилеп до 88,4 милиметри во Крива Паланка. Максималната дневна сума на врнежи од 34 милиметри е регистрирана во Крива Паланка на 11 јуни.

Десет дена во месецот било дејствувано со авионско засејување на градоносни облаци со што е спречена појава на град.

Споредено со јуни во периодот 1981-2010, годинашната месечна сума на врнежи е 24 проценти помала од просечната на ниво на држава.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски