Јули со помалку врнежи и просечни температури, највисока измерена во Гевгелија – 41.7 степени

Од:

Температурата на воздухот просечно во јули во земјава се движела од 24,5 до 34,7 степени, а максималната измерена е на 31 јули во Гевгелија од 41,7 Целзиусови степени и минимална од 6,1 степен во Берово на 14 јули.

Врнежите во јули биле за шест проценти помали од просечното ниво на држава, а времето било близу над просечно топло во државата.

Според информацијата на УХМР, во текот на изминатиот месец регистрирани се во Маврово три и во Гевгелија 29 дена со максимална температура над 30 степени, близу над просечно топло во државата, многу влажно во крајниот североисток и југозапад и претежно суво во останатиот дел од државата.

Средната месечна температура варирала од 17,5 степени во Маврово, до 27,1 степен во Гевгелија. Средната максимална температура варирала од 24,5 степени во Маврово до 34,7 степени во Гевгелија.

Најниската минимална температура од 6,1 степен на 14 јули е измерена во Берово, средната минимална температура варирала од 11,4 степени во Берово до 19,8 степени во Гевгелија.

Во јули годинава месечната сума врнежи варирала од 13,3 милиметри во Маврово до 108,3 милиметри во Битола. Врнежите биле од дожд, но локално пропратени со грмежи и град.

Максимални врнежи од 53,6 милиметри се регистрирани во Битола на 5 јули со што е надмината дневната максимална сума врнежи во овој град во јули.

Споредено со јулската многугодишна просечна вредност измерената јулска месечна сума на врнежи годинава била 2,5 милиметри или шест проценти помала од просечната на ниво на државата.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска