Југоисточниот регион ќе го решава проблемот со кучиња скитници со изградба на две прифатилишта

Од:

Најважен приоритет за Советот на градоначалници од десетте општини на Југоисточниот плански регион е решавањето на проблемот со кучињата скитници. Одлуката која ја донесоа пред повеќе од еден месец веќе е претворена во апликација до Бирото за Регионален Развој за Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година. Преку Центарот за развој на овој регион планираат да изградат две прифатилишта – во Струмица и Гевгелија.

– Со двете прифатилишта се планира да бидат опфатени сите општини од регионот. Едното прифатилиште ќе биде во Струмица и ќе ги опфаќа општините Василево, Босилово, Ново Село, како и Радовиш и Конче, а другото во општина Гевгелија ќе ги опфаќа Валандово, Дојран и Богданци, вели Жулиета Ѓуркова директорка на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

За реализација на оваа идеја Советот на градоначалници планира да формира регионално јавно претпријатие, а средствата во висина од околу девет милиони денари ќе се обезбедат од Бирото за регионален развој, но и од самите општини.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он