ЈСП доби шест еколошки автобуси, донација од Европската унија

Од:

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) денеска преку проектот „ЕУ за чист воздух“ доби шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас, донација од Европската унија.

— Оваа активност која денес ја спроведуваме е проект вреден 10 милиони евра којшто ќе придонесе за намалување на загадениот воздух, бидејќи тоа е еколошки проблем што го чувствуваме веднаш по почетокот на грејната сезона и со години го зема данокот врз здравјето на граѓаните, изјави амбасадорот на Европската унија во земјава, Михаил Рокас, на примопредавањето на шесте еколошки автобуси во Дирекцијата на ЈСП.

Проектот, како што додаде, ги опфаќа градовите Битола, Куманово, Скопје и Тетово, односно оние кои се соочуваат со зголемено аерозагадување.

— Транспортот е причина за големото количество емисии на јаглерод диоксид којшто го испуштаме во атмосферата. На овој начин овозможуваме граѓаните да можат да го користат јавниот превоз, наместо поединечни возила. Мора да го направиме јавниот транспорт колку може помалку да загадува, нагласи Рокас.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска рече донацијата од Европската унија е успех на Град Скопје, изразувајќи надеж дека ваквата активност ќе ги мотивира советниците на Град Скопје да гласаат и за набавка на уште 250 еколошки автобуси.

— Ова е навистина голем успех на Град Скопје и доказ дека кога нашата градска администрација не е блокирана е способна да спроведе нешто кое што е бенефит на Град Скопје и целата држава. Се надевам денеска со овој проект ќе ги мотивираме сите чинители и оние советници на Град Скопје кои што треба да гласаат за да има уште 250 вакви еколошки автобуси, рече Арсовска.

Би можело да ве интересира

Трамп се закани со царини, ЕУ утрово се согласи на трговски компромис

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Го избираме потешкиот пат кон ЕУ, покусиот е полн со понижувачки предизвици

Катерина Ѓуровски

Левица: Контролори ги казнуваат граѓаните за дефектите на ЈСП – пораката за платен билет стигнува по половина час

Андоновски очекува Македонија да биде меѓу првите држави на која ќе ѝ биде овозможен роаминг без дополнителни трошоци во ЕУ

ЈСП Скопје: Претстојниов продолжен викенд автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

За жал, некои од вас ќе остана без одмор – предупредување за Европејците