Јово Вангеловски не се откажува-сака да одлучува за притворот на Сеад Кочан

Од:

И покрај тоа што самиот призна дека неговиот разговор е автентичен, претседателот на Врховниот суд упорно сака да одлучува за „Барањето за заштита на законитоста“ за притворот на бизнисменот Сеад Кочан поднесено од Јавното обвинителство на Марко Зврлевски, наместо да се повлече самиот и да не создава уште поголемо сомневање дека се работи за договорена политичка зделка.

Документите кои ги објави Макфакс, покажуваат дека Вангеловски подготвил реферат насловен „Дали доказите прибавени на незаконит начин можат да бидат употребени во судска постапка“, во кој на колегите-судии им објаснува дека во Законот за СЈО не е предвидено Обвинителството на Јанева да бара повлекување на овој вонреден правен лек, а притоа не наведува она што е поважно-дека единствено надлежно за предметот е Специјалното јавно обвинителство.

Вангеловски во рефератот кој планира да им го даде на седница на судиите, посочува дека со поднесувањето на барањето, се доведува во прашање 457 од Законот за кривична постапка, според кој надлежност за поднесување на вакво барање до Врховниот суд, има само Јавното обвинителство. Првиот човек на Врховен им посочува на неговите колеги дека Законот за СЈО стапил покасно во правна сила од Законот за кривична постапка и спрема тоа, законодавецот можел тоа да го предвиди како посебен член. Вангеловски посочува дека јавниот обвинител е државен орган, додека Законот за СЈО пропишува само гонење на сторители на кривични дела.

Медиумите минатата недела пишуваа дека за да обезбеди сооднос во гласови 3 спрема 2, за да се укине притворот на Кочан и да се врати на повторно одлучување во Основниот суд Скопје 1, Вангеловски со интервенција во Годишниот распоред, ја извадил судијката Лидија Неделкова од Кривичниот оддел, а на нејзино место ставил граѓанска судијка.

Специјалното јавно обвинителство побара изземање на претседателот на Врховниот суд Вангеловски од одлучување во Кривичниот оддел по барањето на Зврлевски, со образложение дека тој е дел од „бомбите“ и тоа во период кога исто така ја извршувал функцијата претседател на Врховниот суд.

Барањето од Јавното обинителство стигна до Врховниот суд по средбата на Јово Вангеловски со Марко Зврлески и адвокатот на Сеад Кочан.

Би можело да ве интересира

Врховен му ја потврди 4,8-годишната казна на Сеад Кочан за „Труст“

Кристијан Ландов

Врховен му ја одби жалбата на Вангеловски за неговото разрешување од функциите

Кристијан Ландов

Три месеца од разрешувањето на Јово Вангеловски, врховните судии ќе бираат кој да одлучува за неговата жалба

Васко Маглешов

Осум месеци е блокирано испитувањето на потеклото на имотот на Јово Вангеловски и судиите од „бомбите“

Васко Маглешов

Кои колеги на Јово Вангеловски може да му „пресудат“ за разрешувањето?

Васко Маглешов

Вангеловски: Ќе се жалам што ме разрешија

Васко Маглешов