Јовески ѝ го делегира предметот „Талир 2“ на Ленче Ристоска

Од:

Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, денеска ѝ го делегирал предметот „Талир 2“ на обвинителката Ленче Ристоска од СЈО, дознава „А1он“. Ова уследи откако вчера беше делегиран и предметот „Монструм“ на обвинителите Гаврил Бубевски и Фатиме Фетаи. Се очекува до крајот на неделата да бидат им бидат делегирани и останатите предмети на обвинителите од СЈО кои ги застапуваат пред судовите.

Судијката Даниела Алексовска-Стојановска го одложи првото рочиште за предметот „Талир 2“ зашто не дојдоа ниту адвокатите на Никола Груевски и на Кирил Божиновски, ниту обвинетиот Божиновски, а немаше ниту обвинител од СЈО.

Адвокатите го известиле судот дека се спречени да присуствуваат на рочиштето поради присуство на друго рочиште, а некои од нив биле во странство.

Во „Талир 2“ обвинети се Никола Груевски, кој е во бегство и има азил во Унгарија,  и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски. Според обвинението, тие ја злоупотреиле службената положба и му овозможиле на ДГ „Бетон“ АД Скопје да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во времето кога фирмата имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија, спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.

Пред судот се води друга постапка за предметот „Талир“ за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Обвинетите во „Талир“, според обвинението, незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на разни луѓе.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Со еден од обвинетите била колешка, а со друг се познавала од слави: Судијката Димовска побара да биде изземена од Судечкиот совет во „Титаник“

Катерина Ѓуровски

Скопска Апелација го врати „Талир 2“ на повторно судење пред првостепениот суд

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Јавната седница во Апелција за предметот „Талир 2“ презакажана за 29 септември