Јосифовска во солзи се прегрна со Маџовски, судење за злоупотребените 820 илјади евра од касата на УБК

Од:

На денешното рочиште за злоупотребите со спецкасата во УБК воведни говори дадоа обвинетите и нивните адвокати. Рекоа дека ќе докажат во постапката дека не го сториле кривичното дело. За време на паузата која ја даде судијата Владимир Туфегџиќ се прегрнаа обвинетата Кристина Јосифовска и Стево Маџовски, а Јосифовска се расплака. Предложени се пет сведоци и материјални докази од Обвинителството.

Обвинети во овој предмет се ексшефот на кабинетот на Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, Стево Маџовски и Кристина Јосифовска. Обвинетиот Петре Пешовски призна вина и доби казна затвор од 3 години и да ја надомести штетата. Јакимовски е исто така обвинет во случаите „Трезор” и „Таргет Тврдина”.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение за злоупотребени пари од над 820 илјади евра.

Во временскиот период од 2007 до 2017 година, во 172 наврати за потребите на касата за исплата на средствата за посебни намени на УБК, од одделот за финансии при Министерството за внатрешни работи подигнале парични средства за кои поднесувале барања и признаници за износите.

Без да имаат посебно одобрение од директорот на Управата, без да биде формирана омисија за ништење на материјална документација и без записници, ги уништиле евиденциите за потрошените средства заедно со документацијата за исплата. Со ваквите дејствија го оштетиле државниот буџет.

Следното рочиште е закажно за 25 ноември, a судијата Туфегџиќ даде уште два термини за рочишта во декември: петти и седумнасетти.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов