ЈОРСМ презело 171 предмет од СЈО, приоритет ќе имаат оние во судска постапка

Од:

Вкупно 171 предмет презело Јавното обвинителство на Република Северна Македонија од Специјалното јавно обвинителство, велат од ЈОРСМ за МИА.

– Јавното обвинителство на Република Северна Македонија од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите презеде три предмети по кои е донесена правосилна пресуда, два предмета за кои е донесена првостепена пресуда, 20 предмети кои се во фаза на судење, 19 предмети по кои се спроведува истрага, шест предмети кои се во предистражна постапка, 80 РО предмети од кои дел се однесуваат на предистражна постапка и дел по барања за воспоставување надлежност на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, 38 предмети по кои се спроведува финансиска истрага и три предмети по вонредни правни лекови, информираат од ЈОРСМ.

Посочуваат дека приоритет во распоредувањето имаат предметите кои се во судска постапка. Па така како доаѓаат судењата, така ќе бидат доделени овластувањата на јавни обвинители.

Предметите кои се во истрага и во предистражна постапка, дополнително ќе бидат распределени, велат од ЈОРСМ.

Досега со овластувањето на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовевски, четворица поранешни обвинители во СЈО продолжија да ги застапуваат предметите кои и досега ги водеа.

Обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски беа овластени за предметот „Монструм“, Ленче Ристоска за „Талир 2“ , Стевчо Донев за „Триста“ и Елизабета Јосифовска за „Тотал“.

Би можело да ве интересира

Поранешни вработени во СЈО бараат извинување од Пендаровски за говорот по повод Илинден

А1он

СЈО замина во историјата, предметите во рацете на Јавното обвинителство за организиран криминал

Ана Ололовска

Жерновски: Голем ден за правдата, лош за „тефтерчињата” на ВМРО- ДПМНЕ

Ана Ололовска

Почна примената на Законот за ЈО и Законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители

Ана Ололовска

Фетаи: Новиот закон за ЈО им дава можност на обвинителите да се справат со криминалот

Ана Ололовска

Дескоска: СЈО згасна, но не и предметите кои ги отвори

Ана Ололовска