Јорданов: Владата и Ковачевски намерно ја кочат одлуката за издавање на општинска обврзница

Од:

Градоначалникот Иван Јорданов вели дека општина Штип има проблем со премиерот и Владата на Република Македонија поради скратеното право за финансирање на одредени капитални проекти кои што требаше да се финансираат преку издавањето на една наменска обврзница.

– Општина Штип е првата општина која што во изминатите неколку месеци во време на енергетска и финансиска криза одлучи да издаде наменска општинска обврзница се со цел да се реализираат неколку капитални проекти во време на ваква финансиска и енергетска криза. Ги проследивме сите потребни одлуки, ги добивме сите потребни согласности од страна на релевантните институции и Министерство за финансии, го вративме долгот кој што претходно општината го имаше кон Министерството за финансии. И она кое што требаше да биде техничка одлука да се проследи на седница на Влада за нас е проблем, затоа што веќе две последователни седници на Влада точката на која што треба да се донесе одлуката за издавање на обврзницата од страна на Владата се отстранува од дневен ред без објективни причини се со цел да се ускрати можноста и правото за развој на општината и изградба на одредени капитални инвестиции рече јорданов.

Би можело да ве интересира

Јорданов: Соочени со низок рејтинг, од СДСМ ја замајуваат јавноста со манипулативни прес-конференции

Муцунски: Сами ќе го решаваме проблемот со сметот, побарав помош од општина Штип

Иван Јорданов за „А1он“: Неколку месеци трпев закани, но се чувствувам безбедно

Орце Костов

Градоначалникот на Штип пријавил закани во полиција, камерите го снимиле заканувачот

Орце Костов

ВИДЕО: Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Јорданов му поставуваше прашања на Заев на прес конференција