Муцунски: Сами ќе го решаваме проблемот со сметот, побарав помош од општина Штип

Од:

Поради неодговорноста и лошото работење на градската администрација и јавното претпријатие „Комунална Хигиена“, неопходно е веднаш сами да го решаваме проблемот со натрупаниот смет во контејнерите на територијата на општина Аеродром објави градоначалникот Тимчо Муцунски.

– За нас, градоначалниците кои доаѓаме од редовите на ВМРО ДПМНЕ, најважна е грижата и здравјето на граѓаните, а меѓусебната поддршка и соработка е тоа што не прави поразлични од другите. На мое барање, Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов одобри испраќање на механизација и работници кои со поддршка на општинските капацитети, вечерва ќе спроведат акција за расчистување на натрупаниот смет од контејнерите.Благодарност до Иван и Општината Штип за поддршката и помошта. Ние, утре со своите расположливи капацитет продолжуваме да работиме на расчистување на сметот и контејнерите се вели во објавата на Муцунски.

Би можело да ве интересира

Муцунски за „Ива Михајлова“: Непристојно е земја членка на ЕУ да станува прибежиште за осудени лица

Бланар: Словачка е против какви било двојни стандарди во пристапувањето кон Европската Унија

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Муцунски во Софија: Ќе ја забрзаме реализацијата на Коридорот 8 со Бугарија и Албанија

А1он

Средба Муцунски – Петрова во Софија

А1он