Муцунски во Софија: Ќе ја забрзаме реализацијата на Коридорот 8 со Бугарија и Албанија

Од:

„Денеска учествував на Меѓународната конференција за Коридорот VIII, каде што се обратив на панелот на високо ниво „Геостратешки контекст на Коридорот VIII“ – напиша на Фејсбук министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.

-Истакнав дека Коридорот VIII е многу повеќе од транспортна рута – тој е стратешка визија што ги поврзува Јадранското и Црното Море, Европската Унија и Западен Балкан, како и нашите економии и безбедносни интереси.

Во време на геополитички и економски предизвици, потребни ни се конкретни резултати, усогласена динамика и видлив напредок по целата траса. Нашите граѓани и европските партнери ќе го оценуваат Коридорот VIII според инфраструктурата што навистина ќе ја изградиме.

Ја потврдив нашата решеност да го исполниме својот дел од обврските и, заедно со Бугарија, Албанија и европските партнери, да ја забрзаме реализацијата на Коридорот VIII.

Поврзаноста значи поголема безбедност, отпорност и економски развој за целиот регион, напиша Муцунски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Средба Муцунски – Петрова во Софија

А1он

Средба меѓу Муцунски и Петрова ќе има, не е јасно во каков формат

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Катерина Ѓуровски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром