Јорданов: Соочени со низок рејтинг, од СДСМ ја замајуваат јавноста со манипулативни прес-конференции

Од:

Очигледно е дека СДС соочени со рекордно нискиот рејтинг, кој го имаат, упорно се обидуваат да ја замајуваат јавноста, со надеж дека ќе го ублажат поразот што и претстои, вели Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

-Надлежните институциите ги управуваат тие, наместо манипулирање преку прес конференции, согласно Законот за јавни набавки, лесно можат да проверат, како е водена постапката и дали има нешто незаконито. Но бидејќи се со кратка меморија, ги потсетуваме притоа да не заборават дека, додека министерот за транспорт и врски Благој Бочварски беше градоначалник на Општина Штип, неговата семејна фирма „Пелагонија“, добиваше набавки и склучуваше договори за работа во општината и јавните претпријатија – истакна Јорданов.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Сами ќе го решаваме проблемот со сметот, побарав помош од општина Штип

Иван Јорданов за „А1он“: Неколку месеци трпев закани, но се чувствувам безбедно

Орце Костов

Градоначалникот на Штип пријавил закани во полиција, камерите го снимиле заканувачот

Орце Костов

Јорданов: Владата и Ковачевски намерно ја кочат одлуката за издавање на општинска обврзница

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Јорданов му поставуваше прашања на Заев на прес конференција