Јоханес Хајндл на средби во Македонија

Од:

Специјалниот пратеник на Германија за Македонија и амбасадор во Виена Јоханес Хајндл денеска и утре ќе престојува во Скопје, каде што ќе разговара со претставници на четирите партии, потписнички на Пржинскиот договор.

Хајндл, како што соопшти Германската амбасада во земјава, ќе има средби и со амбасадорот на САД Џес Бејли и со другите амбасадори од земјите на ЕУ.

Хајндл е именуван од страна на германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер за нов пратеник којшто ќе работи заедно со Европската Унија и САД и ќе помага при решавање на кризата во Македонија.

Доаѓањето на Хајндл во Македонија вчера македонскиот министер за надворешни работи го оцени како позитивен сигнал од Берлин.

– Се работи за позитивен сигнал со самиот факт што Германија покажува интерес дека сака да биде подиректно вклучена во процесите кои се случуваат во нашиот поширок регион и конкретно во РМ. Има најмалку две работи за кои Германија може да ни помогне. Првата се однесува на зацврстување на кредибилитетот на повеќе повторени ветувања за тоа дека Македонија има иднина во рамки на ЕУ. И мислам дека тоа е сигнал кој треба да го очекуваме од Берлин. И втората работа е сигналот дека постои интерес кај Германија да биде вклучена со што де факто се испраќа и сигнал дека не сме оставени сами на себе во еден долг временски период да имаме неизвесност околу можностите воопшто да се приближуваме кон ЕУ во услови во кои самата ЕУ е соочена со сопствени предизвици, истакна вчера Попоски.

Хајндл е актуелен германски амбасадор во Австрија. Тој пред 14 години работел како шеф на одделот за Југоисточна Европа и Турција во германското МНР

Би можело да ве интересира

Кисела Вода забрани семејните куќи во Пржино и Црниче да станат згради

А1он

Ѓорѓиевски се сомнева дека пожарот во Пржино бил подметнат

А1он

Голем пожар во Пржино, гори поранешно училиште

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Драма во Пржино: Се излизга патот, локалните жители стравуваат за домовите

Наум Локоски

Пожар во подрумски простории каде што се складира медицински материјал во Пржино

Наум Локоски

Пожар во Пржино

Наум Локоски