За Горан Јешиќ потпретседател на Владата на Војводина, проектот Скопје 2014, е проект кој ќе влезе во аналите на политичката историја.Во изјава за А1 тој рече дека во Европа со потсмев зборуваат за она што се случува во Скопје
„По три години повторно дојдов во Скопје. Но она што го видов сигурно ќе влезе во аналите на политичката историја. Во тој проект се потрошени парите на народот, а не парите на премиерот.Наместо да се вложи во инфраструктурни проекти се прават споменици кои немаат некаква вредност и на кои Европа се смее. Она што го видов е потполно неразумно“.
„Станува збор за потполно неразумна ситуација Во цела Европа постои една ситуација каде сите со постмев зборуваат за она што се случува во Скопје, бидејки со тоа се менува пред се историјата и се одвојуваат огромни средства. Македонија исто како и Србија е сиромашна држава. Се трошат пари во некој монументални објекти кои не вредат ништо и не носат нови вредности, нови работни места и сметам дека тоа што се случува во Скопје е сериозен проблем за Европските интеграции на Македонија“ рече Јешиќ за А1.
Она што се случува во Скопје е и трагикомично додаде Јешиќ.
„Од естетска страна она што се случува во Скопје е трагикомично“, додаде Јешиќ.
Јешиќ во Охрид учествуваше на трибина на тема „Локален развој и подобар животен стандард-најдобри искуства и практики“, во организација на институтот за социјална демократија Прогрес.Тој ги изнесе и своите искуства како поранешен градоначалник на општина Инџија во која за само неколку години влегоа 500 милиони евра директни странски инвестиции и е пример за општина во регионот како можат да се привлече странски капитал