Основното јавно обвинителство излезе со соопштение дека според досегашниот тек на предистражната постапка е утврдено дека Коста Крпач се самоубил.
И покрај тајноста на предистражната постапка, Основното јавно обвинителство – Скопје за утврденото ја известува јавноста, со цел отстранување на шпекулациите. Постапката по предметот во Обвинителството и натаму тече за утврдување на причините и околностите под кои настапила смртта на лицето К.К., стои во соопштението на Јавното обвинителство.
Инаку, телото на Крпач беше пронајдено со прострелна рана во градите, откако од неговиот стан беа испукани три куршуми во комбето кое било паркирано на паркингот спроти зградата.