„Јавна соба“ иницираше промени: Најавени законски измени и вметнување термин „Демнење“

Од:

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска се сретнаа со Ана, една од дeвoјките жртви на групата „Јавна Соба“. Како што соопштија од Министерството, Маричиќ и честитал на храброста јавно да проговори за нејзините премрежја и за нејзиниот јавен настап кој предизвика силна општествена реакција.

Исто така, од Министерството за правда посочија дека денеска беа презентирани и законските измени кои Министерството веќе ги подготви, а со кои се воведува и ново дело кое ќе биде дополнителна заштита, меѓу другите и за вакви случаи. Поточно, ќе се додаде член во кој се вметнува терминот „Демнење“.

-Имено, во нив меѓу другото се додава член, во кој се вметнува терминот „Демнење“ и се објаснува дека тој што истрајно и за подолго време неовластено ќе следи, прогонува или на друг начин се меша во личниот живот на друг или со него воспоставува или настојува да воспостави од него несакан контакт со движење во просторот каде се наоѓа тоа лице, со злоупотреба на користење на личните податоци, со користење на телекомуникациски или други средства за комуникација или на друг начин психички го злоставува, вознемирува или застрашува и со тоа ќе предизвика чувство на несигурност, вознемиреност или страв за неговата сигурност или сигурноста на нему блиско лице, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години, соопштија од Министерството.

Маричиќ на Ана и порачал дека не е сама во оваа битка и дека сите жртви ја имаат целата поддршка.

Би можело да ве интересира

Фолтин во Јавна соба на „Светско, а наше“

Предраг Петровиќ

Маричиќ од Валандово: Членство во ЕУ за повеќе пари преку европските фондови

Маричиќ од Гевгелија: Инвестирани 813 милиони евра преку ИПА, интеграцијата во ЕУ носи повеќе за сите!

ПГ на СДСМ: Недозволиво е да се злоупотребува и блокира собраниската говорница за изнесување лаги

Пренџов: Примитивецот Маричиќ е срам за машкиот пол, барам премиерот веднаш да го разреши

Орце Костов

Маричиќ: Спомен собата на првиот македонски претседател Глигоров претставува значајно политичко наследство