Јавна расправа за нов закон за општа управна постапка

Од:

Јавна расправа за Предлог-законот за општа управна постапка, што го подготви Министерството за информатичко општество и администрација, ќе се одржи денеска во Скопје.

Со новиот закон, според ресорниот министер Иво Ивановски, ќе се надмине проблемот со губење документи на граѓаните од страна на институциите. Ќе се воведе задолжителна електронска комуникација меѓу институциите при одлучување по предметите.

Новиот закон треба да го модернизира системот на управна постапка, да ја подобри нивната транспарентност и  да ја зголеми довербата на граѓаните во јавната администрација.  Ќе се обезбедат што е можно поефикасни, поедноставни  и побрзи управни постапки, со намалени административни трошоци за државниот Буџет и за деловниот сектор, рече Ивановски на презентацијата на законот.

Секоја институција, информира, ќе мора да воведе електронска  пошта за барања од граѓаните. Крупна измена се предлага и кај жалбената постапка. Во сегашниот систем граѓанинот се жали на одлука од првостепен орган повторно до првостепен орган, кој потоа жалбата ја испраќа до второстепен. Потоа второстепениот орган  го бара предметот за да може да одлучува. Сега, во случај  првостепениот орган да одговори негативно, жалбата ќе оди директно до второстепениот орган. Со тоа се кратат роковите, ќе се забрза постапката и ќе се намалат трошоците.

– Второстепениот орган  е должен по службена должност да ги побара документите од првостепениот, рече Ивановски.

Би можело да ве интересира

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација

ЕСМ: Вработуваме затоа што за три години останавме без 1190 вработени

A1on

Протест на вработените во судска администрација, поддршка добија од претседателот на Судскиот совет

Предраг Петровиќ

Државната администрација брои 129.374 вработени, во Владата и министерствата работат 14.500 лица

A1on

Не се знае каде и за што се потрошени 12 милиони евра од вкупно 30 за реформи во администрацијата, утврди ревизијата

A1on