Јашари ќе побара Советот на обвинители да го избере тимот на Катица Јанева

Од:

Министерот за правда Аднан Јашари ќе биде посредникот меѓу политичките партии потписници на договорот во Пржино и Советот на јавни обвинители. За да се деблокира политичкиот дијалог од Советот на обвинители ќе побара да биде избран целиот тим на специјалната обвинителка Катица Јанева, а тоа значи сите 14 предложени обвинители од нејзина страна.

Истата постапка ќе биде и со Уставниот суд од кој Јашари ќе бара да не се поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за специјалниот јавен обвинител.

Ова, велат за А1он, од преговарачките тимови е единствениот начин за излез од политичката криза со цел да продолжат преговорите за релаизрање на договорот од Пржино.

Доколку се надмине овој проблем, следува усогласување на изборните правила за кои е веќе постигнат договор, а потоа и регулирање на медиумксата сфера и избор на нови министри и заменици министри во владата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Многу скоро ќе ја видиме Јанева како оди по емисии на владините медиуми, по поткасти и по порталите од кујните на ДПМНЕ

Јанева е на условен отпуст, го напушти казнено-поправниот дом „Идризово“

Горан Наумовски

Пандов: Јанева има право пак да побара да работи надвор од затворот, нека побара

Катица Јанева го загуби правото да работи надвор од затворот „Идризово“

Катерина Ѓуровски

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Пендаровски одби да ја помилува Катица Јанева

A1on