Јаревски: Стевчо Јакимовски го бетонизира Карпош за бизнис од 600 милиони евра за „Пуцко Петрол“ близок до СДС и ДУИ

Од:

600 милиони евра за „Пуцко Петрол“, семејна фирма на Исмаил Јахоски, пратеник од коалицијата СДС – ДУИ преку бетонизација на Алумина во режија на Стевчо Јакимовски.Јакимовски е испостава на власта и „Пуцко Петрол“ за реализација на милионскиот бизнис вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски.

– За 600 милиони евра ќар за фирма на луѓето од власта, кој треба да го обезбеди Стевчо Јакимовски преку ДУП-от кај Алумина со кој се предвидуваат кули и до 35 ката ќе се блокира цел Карпош. Тафталиџе ќе се претвори во тесно грло, како инфраструктурно, со целосен сообраќаен хаос, а за паркинг места да не дискутираме воопшто. За газдата на „Пуцко Петрол“, чиј татко е пратеник на коалицијата СДС – ДУИ да стави над 600 милиони евра во џеб Стевчо Јакимовски не штеди зборови за напад кон ВМРО-ДПМНЕ. Карпош заради бизнис интересите на власта се претвора во бетонска џунгла. Стевчо Јакимовски е само параван на Ковачевски, кој треба да го истурка спорниот ДУП и да стави потпис за уништувањето на Карпош. Ковачевски треба да знае дека таквите политики ќе бидат поразени, а ВМРО-ДПМНЕ ќе стори се бетонизација кај Алумина да биде блокирана, рече Јаревски.

Би можело да ве интересира

Врховен објасни зошто е укината пресудата за Јакимовски: Судовите не утврдиле дали за објектот била потребна дозвола

Катерина Ѓуровски

ГРОМ: Додека Јакимовски е во болница, власта продолжува со политичката пресметка и селективна правда

Нова крвична пријава за Стевчо Јакимовски

Врховниот суд ги укина пресудите за Стевчо Јакимовски – предметот се враќа на повторно одлучување

А1он

Одложено одењето во затвор на Стевчо Јакимовски

Стевчо Јакимовски доби упатен акт за во затвор, а сѐ уште ја чека пресудата

А1он