(ВИДЕО) Јанушев: Со постигнатите резултати ВМРО-ДПМНЕ би освоила 53 пратенички мандати, а СДСМ 41

Од:

Вчера се потврди дека кај граѓаните има апатија поради криминалот, корупцијата и сиромаштијата, порача на денешната прес-конференција генералниот секретат на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Тој истакна дека одговорот за апатијата е масовно гласање на 5 мај.

„Народот е свесен дека со гласачко ливче се победува неправда. Сиљановска е олицетворение на правдата. Новата реалност е дека ВМРО-ДПМНЕ победи во 47 општини. На локалните победивме во само 5 општини, а вчера во 47. Победивме во Скопје, Прилеп, Битола, Велес, Виница, Гевгелија, Илинден, Ново Село, Охрид…“, порача генералниот секретар на опозициската партија.

Како што рече Јанушев, евидентно е и дека скопјани ја поразиле власта.

„Победивме во Гази Баба со 6 илјади гласа повеќе, Кисела Вода со 4 илјади повеќе, победивме во Аеродорм, Бутел, Ѓорче Петров… Со намалена разлика во Центар и Карпош“, посочи тој.

Според Јанушев, првичните анализи покажуваат дека на парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ би освоила 53 пратенички мандати, а СДСМ 41 мандат, додека Беса, Алијансата на Албанците и ДУИ по 13 мандати.

Генералниот секретар нагласи дека партијата веруваме во победа во вториот круг од претседателските избори и апелираше да не се продолжува со методи на притисок и заплашување.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му