Јанева: Имаме основани сомненија за резултатот од изборниот процес

Од:

Имајќи ги предвид досега собраните материјални докази кои укажуваат на бројни нерегуларности што се случиле во изборниот процес, имаме основани сомненија за резултатот од тој изборен процес, истакнува Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во писмено известување до медиумите по толкувањата на нејзината вчерашна изјава.

– Со оглед дека во медиумскиот простор се појавија повеќе информации и толкувања на мојата изјавата дадена на прес конференцијата одржана на 22.03.2016 година, а воедно имаше реакции и од страна на повеќе субјекти сакам да појаснам дека мојата изјава беше во насока на укажување на важноста на нашите истраги и улогата на фер и демократските избори во градењето на институциите и нивниот легитимитет, и истата не беше во насока на деградирање на државните институции. Имено, како што и во самата изјава наведов, имајќи ги предвид досега собраните материјални докази кои што укажуваат на бројни нерегуларности кои се случиле во изборниот процес, имаме основано сомневања по односна резултатот од тој изборен процес. Целта на нашите истраги и евентуални обвиненија останува санкционирање на оние за кои што ќе биде докажано дека учествувале во изборни измами и генерална превенција на слични однесувања во правец на обезбедување услови за избори лишени од изборни нерегуларности, со цел изборниот резултат вистински да ја отслика волјата на граѓаните и полна доверба во институциите, вели Јанева.

Специјалната обвинителка ги појаснува и причините зошто нема да присуствува на седниците на Советот на јавни обвинители и во Собранието на Република Македонија, нагласувајќи дека не се работи за непочитување на овие две институции.

Според неа, иста е и праксата на Советот на јавни обвинители, а тоа го потврдил и претседателот на Советот на јавни обвинители во својата изјава, кога рекол дека освен Јавниот обвинител на Република Македонија, кој е воедно и член на Советот на јавни обвинители и мора да присуствува на седниците на Советот, никој друг обвинител не бил повикан ниту присуствувал на разгледување на Извештај за работењето на обвинителството.

– Во оваа прилика сакам уште еднаш да ги појаснам причините поради кои нема да присуствувам на седницата на Советот на Јавни обвинители и на Седницата на Собранието на Република Македонија, при што повторно потенцирам дека не се работи за непочитување на овие две институции. Имено, согласно законските прописи, а и согласно Уставот на Република Македонија јас имам единствено законска обврска да поднесам извештај за шестмесечното работење на ова Јавно обвинителство, кој извештај е поднесен и ги содржи сите елементи кои законот ги пропишува. Воедно, согласно праксата на работењето на институциите до кои се доставува Извештајот – Собранието на Република Македонија и Советот на јавни обвинители, подносителот на Извештајот никогаш не се повикувал да ја образложува содржината на поднесениот извештај, па така на јавноста не и познато да јавен обвинител или друг претставник на правосудството да образлага свој извештај пред Собранието на Република Македонија. Иста е и праксата на Советот на јавни обвинители, а кое нешто го потврди и самиот претседател на Советот на Јавни обвинители, во својата изјава, кога појасни дека освен Јавниот обвинител на Република Македонија, кој е воедно и член на Советот на јавни обвинители и мора да присуствува на седниците на Советот, никој друг обвинител не бил повикан ниту присуствувал на разгледување на Извештај за работењето на обвинителството. Во оваа насока сакам да укажам и дека барањето на Советот на јавни обвинители јас да присуствувам на Седница на Советот го пренебрегнува  начелото на автономност на ова Јавно обвинителство, согласно кое ниту еден јавен обвинител во Република Македонија, вклучително и Јавниот обвинител во Република Македонија не може да бара извештаи поврзани со предмети од надлежност на ова Јавно обвинителство. Доколку Советот на Јавни обвинители смета дека му се потребни одредени појаснувања по однос на некои други аспекти од мојот извештај, подготвена сум за истите да дадам такво појаснување во рамките на можностите, наведува Катица Јанева.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов