Јанева дала наредба за претреси на сите обвинители при влез и излез од СЈО

Од:

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, преку истражител во обвинителството дала наредба за претреси и проверки на сите кои влегуваат и излегуваат од зградата, вклучетелно и обвинителите, дознава „А1он“. Според нашите информации, наредбата на Јанева следува откако таа добила покана за распит од Вилма Русковска.

Новината не им била соопштена на обвинителите и останатите вработени. Шефицата Јанева ја донела одлуката денес, а сите останати дознале откако на влез во СЈО, полицаецот ги стопирал и им барал да им ги провери торбите кои ги носеле со себе по налог на Јанева, велат извори за „А1он“.

Вработените се шокирани и револтирани од ваквата наредба на Јанева. Дел од нив сметаат дека ова е притисок, бидејќи ваквата одлука следува по добиената покана Јанева да се јави во ОЈО на распит, но и откако, обвинителката Лиле Стефанова веќе даде исказ пред јавен обвинител.

Сите обвинители се оградија од Катица Јанева веднаш откако Обвинителството за организиран криминал и корупција со кое раководи Вилма Русковска објави дека се врши истрага за предметот „Рекет“ во кој се спомнува и шефицата на СЈО.

Минатата недела во разговорите објавени од италијанскиот весник се слушаше како Катица Јанева разговараше со бизнисменот Орце Камчев преку телефонот на Боки 13. Таа му велеше „Не се секирај, ќе биде се ок“.

За многумина не е јасно зошто Јанева се уште го води обвинителството, односно издава наредби и ги носи конечните одлуки и по снимките на кои се слуша нејзиниот глас во комуникацијата со Камчев.

Би можело да ве интересира

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Пандов: Јанева има право пак да побара да работи надвор од затворот, нека побара

Катица Јанева го загуби правото да работи надвор од затворот „Идризово“

Катерина Ѓуровски

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески