Јанчева: Лажни ветувања, хаос и нефункционален град се резултатите на една година власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

Од:

Додека Данела Арсовска се кара со Мицковски за тоа чии раце да бидат во медот, од ветувањата кои ги даде пред една година за Општина Аеродром не е реализирано апсолутно ништо рече на прес конференција Љубица Јанчева, координаторката на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје.

-За ветениот кружен тек на крстосницата на бул. К.Ј. Питу со улиците Фрањо Клуз, Руди Чајавец и Симеон Кавракиров нема ниту проект. Тоа значи дека овој кружен тек нема да почне да се гради ни до крајот на нејзиниот мандат. Нема ништо ни од најавените 100.000 метри квадратни парковско зеленило на потегот од паркот кај последна 5-ка сè до паркот „Авион“.Ништо и од новиот забавен парк во Аеродром, кој требаше да биде простор за забава и дружење за најмладите. Далеку од реализација се и мостот помеѓу Маџари и Лисиче кој требаше да ги спојува Аеродром и Гази Баба, како и мостот над железничката пруга кој требаше да ги спојува ул. 3 македонска бригада во Аеродром и ул. Народни Херои во Кисела Вода вели Јанчева.

Јанчева вели дека за Данела Арсовска претставува проблем дури и да го пушти во употреба веќе изградениот мост Михајло Апостолски кој ги поврзува бул. АСНОМ во Аеродром и ул. Индустриска во населбата Керамидница во Гази Баба. Готов мост кој како што рече ецелосно направен во мандатот на градоначалникот Шилегов, доволно е само да го пушти во употреба.

– Со менаџерските способности на „најдобрата менаџерка во Европа“, како што Арсовска се самопрогласи пред една година, треба да бидеме среќни и ако се уште имаме јавен автобуски превоз, а камо ли бесплатен превоз. Треба да бидеме среќни ако сеуште имаме вода, а камо ли развиена водоводна и канализациска мрежа, колекторски системи и пречистителни станици и реконструиран и покриен Усјански канал.Скопје денес е киднапиран град на лажни ветувања, Аеродром е само дел од оваа катастрофа рече Јанчева.

Би можело да ве интересира

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Арсовска сепак именуваше нов директор на Комунална хигиена

Катерина Ѓуровски

Резервите со нафта се при крај, Управниот одбор на Комунална бара од Арсовска да назначи директор

Катерина Ѓуровски

Арсовска: Господине Мицковски прво да се потсетите што сѐ сте направиле како ВМРО/ВЛЕН и власт во Советот на град Скопје терајќи инает со граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот