Јанчев ќе се кандидира за втор мандат за градоначалник на Кавадарци

Од:

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев ќе биде дел од изборната трка за нов градоначалнички мандат следната година. Оваа негова одлука денеска тој ја сподели на средба со новинари.

– Заедно со мојот тим и Советот на општината, за две и пол години успеавме да ја реализираме целокупната предизборна програма. Тоа ми дава за право да размислувам во тој поглед. Мојата конечна одлука е дека ќе се кандидирам за втор градоначалнички мандат. Со нови програми кои ќе бидат благодат за општината, одговори тој на новинарско прашање.

Би сакал, рече, да види човек од Кавадарци во повисоките структури на државно ниво, одговорајќи на новинарското прашање дали во иднина се гледа како вршител на висока државна функција.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење