Јанакиески го прекинал штрајкот со глад, адвокатите очекуваат укинување на притворот

Од:

Ексминистерот Миле Јанакиески обвинет за повеќе предмети кои го води Специјалното јавно обвинителство го прекинал штрајкот со глад во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари. Јанакиески бил советуван од страна на медицинските екипи во затворот да го прекине штрајкот како би можел да ја издржи терапијата која ја прима. Ексминистерот писмено ја известил управата на затворот и судот за оваа одлука.

Неговите адвокати велат дека судија за извршување на санкции редовно прави посета во затворот и очекуваат обвинителството во наредниот период да донесе предлог за поблага мерка што би значело преместување на Јанакиески од затворски во куќен притвор.

Поранешниот министер за транспорт и врски неколку пати заврши зад решетки и беше пуштан во куќен притвор. Последната одлука за издржување на затворски притвор е предметот на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кој се однесува на нелегална продажба на државно земјиште.

Јанакиески во затворот во Шуто Оризари една недела штрајкуваше со глад по што се пожалил на гадење и болки во бубрезите. Веднаш бил пренесен во болницата 8 септември каде му била дадена терапија по што веднаш е вратен во затворот.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

ВИДЕО: Во празна судница, Игор Јанушев осуден на двегодишна условна казна за кинеските автобуси

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска