Јанакиески: Го осудувам бегството на Груевски, тоа ќе влијае негативно на сите судски предмети

Од:

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески го осудува бегството на Никола Груевски.

– Најостро го осудувам ваквиот чин, бидејќи ќе влијае негативно на судските предмети во целост, а посебно во оние предмети каде сме заедно обвинети, вели Јанакиески за „А1он“.

Тој ги замоли медиумите да информираат објективно и посочи дека стои на располагање.

– Повикувам да престане лицитирањето за идни притвори и притисок врз судот. Ниту сум планирал, ниту планирам да бегам и во моментов сум во Скопје, а утре во 9 и 3 ќе бидам на судското рочиште за предметот „Титаник“, вели Јанакиески за „А1он“.

Тој посочува дека присуствувал на сите рочишта без исклучок, а некогаш и секој работен ден и ги почитувал мерките определени од судот.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Избегал од затвор и крадел низ Крива Паланка

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Укинат притворот за возачот на Палчо

Александар Тодески

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

ОЈО со детали за операцијата „Чибук“: Истрага против најмалку десет лица

А1он