Јанакиески бара супервештачење, распит на Срцев и Пешевски, за да докаже невиност за „Топлик“

Од:

Да се направи супервештачење на предметот „Топлик“, бара одбраната на ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Ова е доставено до судот, бидејќи, според обвинетиот има противречности помеѓу вештиот наод на Обвинителството и стручното мислење предложено од одбраната. За дополнување на доказната постапка, Јанакиески предложи и други докази, како и четворица нови сведоци. Судечкиот судија Осман Шабани за предлозите ќе одлучи во наредните денови, а одлуката ќе ја соопшти на наредното рочиште закажано за единаесет дена. Со овие докази, Јанакиески и другите обвинети ја докажуваат својата невиност во случајот за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град” во Сопиште.

“Сметаме дека неопходно е да се изведе стручно мислење од технички советник, кое е одговор на изведени материјални докази од Обвинителството. Но исто така е и одговор на поднесоците од јавниот обвинител во однос на барањето за произнесување на штета до Владата и Министерство за финансии и нивните одговори. Во ова мислење споредено со претходните, земени се во предвид и сите забелешки на јавниот обвинител, но има и нови аспекти. За првпат се пресметува колку е заштедено во однос на плаќањето камати кои биле барани, во однос на шетата, кои не се исплатени“, образложи Јанакиески.

Предложено е и правно мислење од професорот Никола Тупанчевски од правниот факултет „Јустнинијан Први“, кое е изработено за овој настан. Јанакиески побара и сослушување на поранешниот член на Државната изборна комисија, Сашо Срцев, како и на поранешниот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски.

„На пример потребата за сослушување на сведокот Сашо Срцев произлегува од исказот на сведокот Емилија Путилин. Сите обвинети во нивните искази го посочија Срцев како учесник во дејствијата на овој кривично-правен настан. Владимир Пешевски го предлагаме поради новите околности кои се јавија во текот на постапката и тоа од исказ на сведок, кој елаборираше за активностите на Пешевски. Исто така, Пешевски беше дел од материјалниот доказ стенограмски белешки од седница на Влада. Шпреса Битаху, сметаме дека е еден од клучните сведоци кои треба да се сослушаат. Последниот сведок е Ацо Костадиновски, кој во критичниот период бил раководител на Сектор за финансии, а поврзано со материјалниот доказ доставен во листа на докази”, додаде Јанакиески.

Следното рочиште е закажано за 20 декември.

Би можело да ве интересира

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Апелација и изменетиот Кривичен законик го урнаа „Топлик“: Предметот застарува за сите обвинети

Апелација ја укина првостепената пресуда за „Tоплик- Сончев град“ и предметот го врати на повторно постапување

Горан Наумовски

Јанакиески e спроведен во затворот „Идризово“

ВИДЕО: Груевски доби девет години затвор, Јанакиески – три, Трајковски – четири за уривањето на „Космос“

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Плаќање затезна камата не е кривично дело, во „Топлик“ е штета и без неа немаше да постои предметот

Кристијан Ландов