Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Од:

Миле Јанакиески излегува на слобода во јуни, а за Сашо Мијалков повторно ќе одлучува Алепација. Двете одлуки денеска ги соопшти Апелацискиот суд.

– Апелациониот суд Скопје постапувајќи по жалба на осудениот С.М., од С., а изјавена преку Казнено-поправниот дом од отворен вид – Струга, донесе решение со кое жалбата се уважува, а предметот се укинува и се враќа на повторно постапување и одлучување пред првостепениот суд. Инаку, уважувањето на жалбата на осудениот С.М. доаѓа откако претходно предлогот на директорот на Казнено-поправниот дом Струга за условен отпуст на осудениот беше одбиен како неоснован. Согласно донесеното решение на Апелациониот суд – Скопје како недозволена ја отфрли жалбата на директорот на Казнено-поправниот дом од отворен вид – Струга, се вели во соопштението од Апелација.

Што се однесува до Јанакиески, жалбата на Обвинителството се одбива како неоснована, додека се уважува неговата жалба за условен отпуст.

– Согласно донесеното решение на Апелациониот суд – Скопје, одлуката за условен отпуст е преиначена и условниот отпуст за осудениот М.Ј. наместо, како што гласеше првичната одлука, да започне на 16.01.2025 година, ќе започне на 17.06.2024 година, но под услов до истекот на условниот отпуст обвинетиот да не стори ново кривично дело, се вели во објавата на Аплеација.

Би можело да ве интересира

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Повторно ќе се продава имот на Сашо Мијалков, државата очекува два милиона евра од плацевите на Водно

Катерина Ѓуровски

Небиу: Вработените се мета на вознемирување и заплашување, поради обидите да го продадат конфискуваниот имот на Мијалков

Фирма на Мијалкови должи два милиони евра за ДДВ: УЈП ги објави најголемите должници

Орце Костов

Се менува кривичното дело за ,,Трезор”, Мијалков добива послабо обвинение