(ВИДЕО) Јакимовски: Ќе ги тепаме, не им се плашиме

Од:

Ексградоначалникот на Општина Карпош и лидер на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски, при излез од старата во новата зграда на Кривичниот суд во придружба на полицијата, покажа два прста и извика: „Ќе ги тепаме, не им се плашиме“, но не одговори на кого точно мисли.

Јакимовски утрово беше уапсен и изведен пред судијката на претходна постапка Весна Димишкова и ја чека одлуката дали ќе му биде определен притвор.

Заедно со Јакимовски беше и неговиот сопартиец, Виктор Цветковски.

Јакимовски и уште неколку лица се осомничени дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, додека едно од лицата е осомничено за кривично дело бесправно градење.

Во периодот од 2011 до 2017 година вработени во Општина Карпош на чело со тогашниот градоначалник Јакимовски легализирале бараки во сопственост на фирми и на тој начин им овозможувале да се стекнат со државно земјиште по багателни цени. Вака накратко од Министерството за внатрешни работи ја објаснија кривичната пријава поднесена против Јакимовски и уште четворица вработени во Општината.

Кривични пријави се поднесени и против управителите на три фирми и едно физичко лице. Станува збор за времени објекти во општина Карпош, на улицата Илинденска, кои биле во сопственост на фирмите.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Јакимовски: ГРОМ и „Храбро за Македонија“ остануваат единствената трета опција со промакедонски ставови

Јакимовски: СДСМ и ВМРО ДПМНЕ водат ноевска политика

Јакимовски: Османи води жирафа политика – цело време бере гајле за Косово, никако да предложи нешто за Македонија

Предраг Петровиќ

Јакимовски од Струга: Кого лаже Мицкоски, германскиот пратеник или граѓаните?

Предраг Петровиќ

Јакимовски не го потпиша Кодексот за фер избори: Огромни суми за четирите партии, трошки за останатите

Предраг Петровиќ

Јакимовски: Како иден претседател на Република Македонија ќе предложам клучни реформи во локалната самоуправа

Горан Наумовски