Јакимовски и службените лица осомничени за бесправна градба на плоштад и тендер за жардиниери

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до судија на претходна постапка при Кривичниот суд, достави предлог за притвор против три лица, меѓу кои и за ексградоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. Обвинителството соопшти дека за осомничените постои основано сомневање дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, додека едно од лицата е осомниченоза кривично дело бесправно градење.

За злоупотреба на службена положба и овластување е донесена наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои во 2015 година, пречекорувајќи ги своите службени овластувања во име и за сметка на општината спровеле јавна набавка за „Обнова на цветен расад на жардињери“ (пролетно и есенско садење – 2015), што било во надлежност на Град Скопје, притоа постапувајќи спротивно на член 48 од Законот за јавни набавки. Во овој случај му овозможиле на правното лице имотна корист на име на јавна набавка во износ од 7.209.600 денари, без ДДВ, на штета на Буџетот на општината.

Во 2016 година искористувајќи ги своите службени овластувања, осомничениот донел Одлука за јавна набавка за изградба на плоштад „Пецо Божиновски Кочо“ на локација каде според ГУП на Град Скопје 2012-2020 е предвидена примарна сообраќајница.

„Постапувајќи спротивно на одредбите на Законот за јавни набавки и условите од Тендерската документација, му овозможиле на избраното правно лице- изведувач да се стекне со имотна корист од 20.970.00 денари без пресметан ДДВ на штета на Буџетот на општината“, пишува во соопштението на обвинителството.

„Беше донесена Наредба за за спроведување на истражна постапка против девет лица кои периодот од 2011-2017 година ја злоупотребиле својата службана положба и овластување со преземање на дејствија што не смееле да ги преземат и со пречекорување на границите на своите службени овластувања постапиле спротивно на „Законот за постапување со бесправно изградени објекти“, при што на времени објекти им дозволиле вклопување во урбанистичко планската документација и нивно впишување во јавните книги за недвижности како легални објекти“, објави Обвинителството.

Според соопштението, осомничените им овозможиле на правни и физички лица со „Постапка за отуѓување на градежно земјиште сопственост на РМ со непосредна спогодба на сопственици на објекти или посебни делови од објекти за кои е донесено решение за утврдување на правен статус на бесправен објект врз основа на кое се запишани во јавната книга на недвижности“, незаконски да се стекнат со право на сопственост на објекти и ексклузивно право на откуп на земјиштето под објектот. На тој начин, било отуѓено градежно земјиште под објект во сопственост на РМ со површина од 1533 м2, како и градежно земјиште под и околу објект со површина од 722 м2. Во 2016 година овие земјишта како градежно неизградено земјиште имале вредност од најмалку 27.594.000 денари, односно 12.996.000 денари.

Со оглед на тоа што станува збор за исти кривични дела и период кога биле сторени, а заради спроведување единствена постапка, предметите се споени во едно.

Обвинителот до судот доставил и предлог за определување мерки на претпазливост и тоа забрана за напуштање на живеалиште, обврска повремено да се јавуваат на определено службено лице или државен орган и привремено одземање на пасошите.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Јакимовски призна пораз: Со среќа нека ви биде изборот, честитки до Сиљановска-Давкова

Орце Костов

Јакимовски: Сите сме одговорни за државата и тие што бираат и функционерите

Катерина Ѓуровски

Јакимовски е против уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот

Јакимовски: Нема да молчам никому и подготвен сум и глава да дадам за достоинството на Македонија

Јакимовски: Да се градат геријатриски центри во склоп на болниците

Катерина Ѓуровски

Јакимовски: ГРОМ и „Храбро за Македонија“ остануваат единствената трета опција со промакедонски ставови