Известување до ЈО за компјутерска закана кон премиерот Заев

Од:

Закана упатена кон премиерот Зоран Заев е само едно од кривичните дела за кои Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР изготвиле известување до ЈО при Основното јавно обвинителство Скопје.

Како што соопшти МВР, согласно своите законски надлежности, во изминатиот период документирале и процесуираше триесет случаи во кои, преку социјалните мрежи, на носители на државни функции во РМ, им е загрозена сигурноста, како и случаи каде што се злоупотребени нивните лични податоци и за истите изготвени се Известувања до надлежен ЈО со цел утврдување елементи за сомнение за кривични дела што се гонат по службена должност од областа на компјутерскиот криминал.

Од поочените шест кривични дела, од МВР велат дека откриено е лице кое се сомничи за сторено кривично дело -„загрозување на сигурност“, а се однесува на регистирана објава на еден македонски веб портал, по претходно објавена статија на социјалната мрежа “Фејсбук“, која во вид на закана е упатена до претседателот на Владата на РМ. Во случајот осомничениот за кривичното дело е откриен во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка, со социјалната мрежа “фејсбук“, како и со Интерпол-Берн, Швајцарија и еден интернет провајдер од истата држава. По целосно документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното ОЈО.

Од МВР информираат дека на ист начин постапуваат по сите доставени пријави за закани за загрозување на безбедноста и сигурноста на сите граѓани.

-Сите пријави соодветно се примаат и се документира пријавената содржина. Дополнително по доставено известување до надлежен Јавен обвинител, јавниот обвинител издава наредба до Меѓународниот интернет сервис провајдер за добивање на дополнителни податоци за идентификација на сторителот, појаснуваат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он