А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Извештајот на ЕК пред врата, а партиите чекаат кој прв ќе попушти

by А1он02/11/2015 - 12:5703/11/2015 - 08:34132
Share0

Извештајот на Европската комисија за напредок на Македонија веќе е финализиран и треба да биде објавен оваа седмица, со што станува извесно дека за прв пат ќе отсуствува препораката за почеток на преговори поради неспроведување на договорот од Пржино. Во таква ситуација односите меѓу партиите се во статус кво состојба и не постои ни најмал напор да се дојде до решение за проблематичните точки.

Добивај вести на вибер

Денеска олеснувачот на процесот, Питер Ванхауте, се враќа од Брисел каде замина викендов на дополнителни консултации. Од него зависи дали ќе се одржи нова серија на билатерални средби, но ништо не гарантира придвижување на процесите затоа што по се изгледа партиите чекаат и се надеваат дека другата страна прва ќе попушти. И покрај тоа што изјавите на амбасадорите укажуваат дека притисоците се насочени кон ВМРО-ДПМНЕ, премиерот, Никола Груевски како да прави се што е во негова моќ за вината да ја префрли врз опозицијата.

Дополнително ја компликува состојбата најавата од ДУИ дека ќе ја напушти коалицијата доколку препораката овој пат изостане од извештајот. На ваквото заострување на политичката криза се гледа и како на еден од можните начини за конечна разврска. Најголемата партија во албанскиот политички блок отворено најавува дека ќе ја преиспита коалицијата доколку се доведат во прашање евроатланските интеграции. ВМРО-ДПМНЕ на тоа велат дека ќе размислуваат кога ќе дојде време.

-Не знам, не можам да кажам што доколку ДУИ ја напушти коалицијата. Прашајте ги нив. Ако биде донесена таква одлука, ќе биде разгледана во партијата и ќе биде донесена соодветна одлука. Нашата стратегија сега за сега е крајна конструктивност во преговорите – вели новиот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски.

Од таму тврдат дека играат конструктивно, но Котевски вели дека не може да ги коментира поединечно апелите на останатите учесници во процесот, како СДСМ, ДУИ и меѓународната заедница, дека владејачката партија треба да го почитува договореното од Пржино.

Додека се одложува спроведувањето на овој договор, се поприсутни се шпекулациите дека ќе биде одложен датумот за предвремени парламентарни избори. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека не им одговара тоа и сметаат дека изборите треба да се одржат според договореното, иако останатите точки од договорот не беа испочитувани.

Маја Васева

przino

Би можело да ве интересира

Кисела Вода забрани семејните куќи во Пржино и Црниче да станат згради

А1он26/04/2022 - 16:10

Ѓорѓиевски се сомнева дека пожарот во Пржино бил подметнат

А1он01/04/2022 - 19:5001/04/2022 - 21:00

Голем пожар во Пржино, гори поранешно училиште

Кристијан Ландов01/04/2022 - 17:4001/04/2022 - 19:49

(ВИДЕО) Драма во Пржино: Се излизга патот, локалните жители стравуваат за домовите

Наум Локоски22/03/2018 - 14:25

Пожар во подрумски простории каде што се складира медицински материјал во Пржино

Наум Локоски01/12/2017 - 19:26

Пожар во Пржино

Наум Локоски01/12/2017 - 17:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен